Во Куманово осум новозаболени со Ковид-19 од кои двајца од Липково
– Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира осум новозаболени лица од Ковид-19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Од нив шестмина се од Куманово, двајца од Липково.
-Новорегистрираните имале контакти со веќе заболени лица, изјави доктор Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.
Денеска, извршени се вкупно 44 тестирање од кои 20 по „Мој термин“ и 24 согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, дијагностицирани се 862 лицa заболени од Ковид-19 од кои во моментов активни се 194 случаи. ам/вј/