Нов почеток во 60-тите години: „Бев кукавица – се додека не отидов сама на долго патување“

50-тиот роденден на Нораини Мидин поминал без посебни обележувања, па таа решила да направи нешто незаборавно за својот 60-ти. Отсекогаш била љубопитна за Транссибирската железница, па си помислила „како да направам нешто навистина возбудлива и да патувам со воз од Лондон до Куала Лумпур?


Секогаш сум била прилично уплашена, односно бев, во тоа време. Порано станував многу осамена кога патував сама“.

Но, во август 2016 година, тргнала со два куфери, со лаптоп за да пишува за патувањето и неколку пакети инстант рамен (од практични и финансиски причини), на седумнеделното патување.

До тогаш водела релативно исполнет живот. Била новинарка во Малезија, но во 80-тите се преселила во Обединетото Кралство каде била и во тежок и краткотраен брак. Работела како службеничка за односи со јавност, во пекара во Хародс и во администрацијата во болница.

„Потоа почнав да собирам дипломи“, вели таа. Студирала право, но не станала адвокатка, туку се вработила во правната служба на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

По смртта на нејзината сестра, со која била многу блиска, почувствувала дека е време да се врати на нејзиниот првичен сон за пишување и новинарство. Така почнала да се занимава со хонорарна работа и планирала да пишува за своето патување.

Сè требаше да се организира со армиска прецизност“, вели таа. „Ако пропуштите еден воз, тоа е тоа. Цената би била проблем – одвај имав пари“.

Го напуштила Лондон и три ноќи поминала во Брисел, Берлин и Варшава – пред да пристигне во Москва. „Беше три попладне и железничката станица беше напуштена“ вели таа. „Осаменоста просто ја чувствувате во стомакот… си помислив, што правам јас овде?“
Четири
дена потоа патувала од Москва до Иркутск со транссибирскиот воз, каде што стекнала многу пријатели. „Во првиот дел од возот запознав еден куклар и еден педијатар. И руска танчерка, која планираше да се пресели во Тајланд или Виетнам. Потоа, полека, сите заминаа и јас останав со намуртена Русинка која мразеше странци – мислам дека бојата на кожата беше фактор“.

Поминала неколку дена на Бајкалското Езеро, едно од најголемите езера во светот, во јужен Сибир.„Беше студено кога првпат пристигнав, и врнеше дожд, а езерото имаше матна каллива боја. Следното утро сонцето се појави, сè беше сино и глетката беше рајска. Тоа беше најдоброто нешто“.

Сакала да престојува и во камп во близина на Улан Батор, главниот град на Монголија, каде пензионираниот лекар што го управувал кампот, натрупувал ќебиња врз неа додека лежела во креветот во својата јурта.

Најнискo се симнала до Пекинг, каде била поканета на чај од млад човек кој тврдел дека е студент по бизнис кој наводно сакал да го подобри англискиот јазик, за на крајот да и приложи сметка од 120 фунти. На крајот му го дала она што го имаше, што било само околу 10 фунти.

Со насмевка вели дека била
„некако наивна.
„Им верував на луѓето и им ја давав мојата визит-карта со личната адреса. Како сите што ги запознав да беа потенцијални пријатели“.

Само еднаш размислувала да се откаже од патувањето и да се врати. Таа се случило во Шангај за време на прославата на Бајрам. Вели можев да го замислам братучед ми како во Малезија подготвува прекрасна храна. Бев очајна да го завршам патувањето, но тогаш си реков не, мојата мисија ќе биде завршена“.

Мидин патувала низ Виетнам, Камбоџа и Тајланд, пристигнувајќи конечно на крајот на септември во Малезија, каде што за нејзиното патување се заинтересирале локални медуми. Таа се појавила дури и на телевизија за да зборува за своето патување (а подоцна ќе напише и книга ).

Целото тоа искуство ѝ ја зголемило самодовербата.
„Знам дека ќе бидам среќна во друштво со самата себеси – вели таа.
Но, за разлика од патувањето со железница од точка А до точка Б, емотивните трансформации не се така линерани. – краткопотоа, Мидин открила дека повторно и се враќаат сомнежите во себеси. Но, сега знае што треба да прави. Ќе патува со воз низ Турција.

Извор: Гардијан
Превод: Лени Фрчкоска

Back to top button
Close