„Нискоградба“ до охриѓанецот Џепароски: Немаше доказ дека повредите се од пад во шахта

Изнесените тврдења на Џепароски се паушални, не се поткрепени со докази, што се утврди во наведените судски постапки – се вели во соопштението од претпријатието.

Лицето Илија Џепароски пред судот не изнесе докази дека неговите повреди се настанати од пад во шахта, или со зборови од одлуката: „тужителот не достави докази со кои со сигурност би докажал дека предметната штета настанала од пропаѓање, односно сопнување и не достави докази дека за штетата постои вина кај тужениот“ – се вели во реакцијата на Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, кое било тужено од охриѓанецот Џепароски, но го добило спорот.

Џепароски се жалеше дека пресудата е неоснована и најави дека ќе ги бара своите права пред повисоки инстанци.

„Лицето Илија Џепароски против ЈП „Нискоградба“ на ден 05.04.2021 година поднел тужба за надомест на штета, поради како се тврдеше во истата, што тужителот пропаднал во шахта во текот на месец септември 2020 година и поради тоа телесно се повредил.

Тужителот Џепароски со оваа тужба од ЈП „Нискоградба“ побаруваше износ од 3.000.000 денари, на име нематеријална штета поради повреда на личните права. Откако се спроведе доказната постапка беше донесена пресуда со број П4-29/21 од 15.11.2021 година со која беше одбиено тужбеното барање на тужителот Џепароски, а истиот беше задолжен на ЈП „Нискоградба“ да ги надомести трошоците на постапката, информираат од ЈП „Нискоградба“.

Постапувајќи по жалбата на Џепароски, велат од претпријатието, Апелациониот суд Битола донел пресуда со број ГЖ-28/22 од 03.02.2022 година, со која одбиена е жалбата на Џепароски и е потврдена пресудата на Основниот суд во Охрид.

Од изведените докази судовите утврдиле дека не постои причинско-последична, односно каузална врска помеѓу повредите на тужителот Џепароски и делувањето, односно пропуштање на било кое дејствие кое ЈП „Нискоградба“ било должно да го преземе, изврши. Или со зборови од одлуката: „тужителот не достави докази со кои со сигурност би докажал дека предметната штета настанала од пропаѓање, односно сопнување и не достави докази дека за штетата постои вина кај тужениот“. Изнесените тврдења на Џепароски се паушални, не се поткрепени со докази, што се утврди во наведените судски постапки, погоре цитирани“ – се вели во соопштението од претпријатието.

Back to top button
Close