Вовед во критичка психологија со Атанасиос Марвакис од Грција

Во КСП Центар-Јадро во Скопје денеска ќе се одржи семинар „Вовед во критичка психологија“ со проф. др. Атанасиос Марвакис од Грција.

Како што соопштија од Центар-Јадро, семинарот на грчкиот критички психолог Атанасиос Марвакис е замислен да биде воведен дел од овогодинешната читачка група. На читачката група ќе се читаат дела од авторите Клаус Холзкамп, Јан Паркер, Томас Тео.

 

-Критичката психологија е пристап кон психологијата кој е фокусиран на испитување и оспорување на структурите на моќ и социјалните неправди кои се присутни во општеството. Препознава различни системи на угнетување, како што се расизмот, сексизмот и хомофобијата, и анализира како тие влијаат на психолошките искуства и благосостојбата на луѓето. Критичката психологија, исто така, ја нагласува важноста од препознавање и решавање на методите на кои самата психологија може да биде соучесник во зајакнувањето на овие структури на моќ, соопштија организаторите.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close