Уште 13 жени го обвинија Жерар Депардје за сексуално вознемирување
Францускиот истражувачки портал „Медиапарт“ објави дека 13 жени го обвиниле актерот Жерар Депардје за сексуално несоодветно однесување помеѓу 2004 и 2022 година.

Овој портал објави извештај во кој се цитираат тврдењата на 13 жени за непримерни коментари, несакан физички контакт и друго несоодветно однесување на сериите и филмовите.
Меѓудругото, ова ги вклучува сериите на Нетфликс Марсеј, биографскиот филм на Дума, како и комедијата Голема куќа, а актерот одби да коментира за ова прашање.
Неговите адвокати тврдат дека извештајот се заснова на „високо субјективни пресуди и/или морални пресуди“ и дека тој категорично ги негира овие тврдења.
Ваквото однесување ги вклучува неговите интеракции со млади актерки, шминкери и други филмски работници.
Во 2018 година, актерката Шарлот Арно го обвини Депардје дека двапати ја силувал, но овој случај сè уште се води пред француските судови.






