Двете најголеми коалиции во Бугарија се договорија за избор на претседател на собранието

Двете коалиции во Бугарија, кои имаа најмногу освоени гласови на предвремените парламентарни избори од 2 април, „ГЕРБ-СДС„ и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ се договорија Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС да биде избран за претседател на 49 тото Народно собрание.

Се очекува Желјазков да биде изгласан денеска.

Двете политички коалиции договорија заедничка законодавна програма, како и изборот на претседателот на Народното собрание и правната комисија да биде врз ротациски принцип.

Back to top button
Close