По Охрид, Вучиќ и Курти се среќавaат во Брисел

Претседателот на Србија, Алекандар Вучиќ, и косовскиот премиер Албин Курти се очекува на 3 мај во Брисел да ја потпишат декларацијата за исчезнатите лица за време на последната војна на Косово.

Средбата Вучиќ – Курти доаѓа по согласувањето на двајцата главни преговарачи на дијалогот, Бислими и Петковиќ, за текстот на изјавата за исчезнатите лица.

Во Брисел, Вучиќ и Курти ќе разговарат и за механизмот за самоуправување на српската заедница.

Претстојната средба во Брисел е прва меѓу Курти и Вучиќ, по договорот во Охрид каде што на 18 март, со посредство на високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, по повеќе од 12 часа преговори постигнаа согласност за Анексот за имплементација на Договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово

Back to top button
Close