(ФОТО) Коалициониот партнер на Мицкоски, Стоиљковиќ, во Русија изворно го слуша планот на Путин за одговор кон западните санкции

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието, Иван Стоиљковиќ учествува на Безбедносен форум во Русија. Според она што го објавуваат дел од медиумите преку видео-обраќање на форумот се обратил и рускиот претседател Владимир Путин. Тој истакнал дека „Русија е убедена дека постои вистинска алтернатива на деструктивниот курс, политиките на уцена и нелегитимните санкции, а тоа е зајакнување на стабилноста во светот, доследна изградба на систем на единствена неделива безбедност, задачи насочени кон зајакнување на економскиот, технолошкиот и социјалниот развој“. Според Путин „тука, пред сè, неопходна е координација на напорите на сите земји, напорна работа врз основа на меѓусебно почитување, партнерство и доверба“.

Од објавените фотографии од овој настан, може да се забележи дека годинава пратеникот од коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ е во друштво на директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин, како и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Претседателот на српската партија во Македонија, Стоиљковиќ важи за близок човек на Мицкоски и еден од ппстабилните коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Од најголемата опозициска партија засега нема осуда за посетата на коалицискиот партнер во Русија, иако Кремљ претходно ја прогласи Македонија за „непријателска земја“.

Back to top button
Close