Со Јагуриновски и Јотиќ, Вардар 1961 го формираше ростерот за новата сезона

Скопје, 16 јули 2020 (МИА) – Со Томислав Јагуриновски и Ловро Јотиќ, екипа Вардар 1961 го формираше ростерот со кој ќе настапува во новата сезона, соопштија од клубот.

Јагуриновски е репрезентативец на Македонија и по неколку години се враќа во тимот од „Јане Сандански“ каде ќе остане две сезони. Игра на позицијата десен бек.

За хрватскиот интернационалец Јотиќ ова ќе биде втора сезона во Македонија откако лани настапуваше за тимот на Еурофарм Пелистер од Битола.

Јотиќ игра на позицијата среден бек.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close