НБА шампион: Повредата на Рондо ќе изврши голем притисок врз Леброн
Трикратниот шампион со екипата на Чикаго Булс од 90-тите, Би Џеј Армстронг е сигурен дека повредата на Ражон Рондо ќе влијае негативно на шампионските амбиции на Л.А. Лејкерс.
Поранешниот бек рече дека Рондо ќе недостасува во тимот во наредните 6-8 недели, а тоа ќе предизвика и „екстремен притисок“ врз Леброн Џејмс.
– Иако Рондо не игра значајни минути за Лејкерси, неговото ветеранско присуство во соблекувалната, она што тој го прави за да ги организира резервните играчи ќе им недостасува на Лејкерси. Рондо се докажа во многу плеј-оф битки и знае како да ја организира играта. Мислам дека дека тоа ќе направи многу повеќе штета отколку што мислат луѓето. Тие веќе изгубија многу во лицето на Ејвори Бредли. Сега мислам дека ова ќе изврши голем притисок врз Леброн. Тој не само што треба да постигнува кошеви, туку мора да ги организира нападите. И, исто така, мора да го организира и тимот, смета Армстронг.