Приватна градинка во Скопје работела и згрижувала деца, две лица добија кривична пријава
Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека вчера околу 10.30 часот, по претходна добиена пријава од граѓанин дека градинката работи и згрижува деца, полициски службеници од ЕВР Карпош излегле на местото, при што било утврдено дека детската градинка работи и оти се згрижени осум деца, а во неа работат и 12 лица, меѓу кои и директорката Т.И. и сопственичката Е.Н..
– Во координација со Јавен обвинител на местото излегле преставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Државниот инспекторат за труд. Тие констатирале дека не биле почитувани протоколите за работа на градинки во услови на прогласена пандемија на корона вирус, поради што детската градинка ја затвориле и ги известиле родителите да ги земат децата кои биле згрижени во објектот, се појаснува во соопштението од МВР.