Шурле го објави своето пензионирање на 29 години

Берлин, 17 јули 2020 (МИА) – Поранешниот напаѓач на Борусија во Дортмунд, Андре Шурле, го објави крајот на својата играчка кариера, пренесува „Дер Шпигел“.

Германскиот репрезентативец реши да ја заврши кариерата на 29 години.

Шурле играше за Мајнц, Баер, Челзи, Волфсбург, Борусија Дортмунд и Фулам и е шампион на Англија, двократен победник на германскиот куп и Суперкупот на земјата. Заедно со германската репрезентација, напаѓачот стана Светски шампион во 2014 година и бронзен медалист на ЕП 2012 и ЕП 2016.

Минатата сезона, Германецот играше за Спартак Москва. На негова сметка се два гола и четири асистенции на 18 натпревари за рускиот тим. зс/

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close