Емери може да го предводи Виљареал
Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери, може да биде назначен за тренер на Виљареал, пренесува „Ел Периодико Медитеранео“.
Според шпанскиот медиум, клубот веќе имал разговори со 48-годишниот фудбалски стручњак кои започнале уште пред прекинот поради пандемијата на коронавирус.
Договорот на сегашниот тренер на Виљареал, Хавиер Каљехо трае до летото 2021 година.
Емери ги предводеше и Валенсија, Спартак, Севиља и Псж.
По 37 натпревари во шпанската Ла Лига, Виљареал е на 5. место на табелата без шанси за влез во Лигата на шампионите.