Коста К. сонува милиони: Велат дека сум Император, ќе напишам книга и ќе заработам многу пари
Коста Кецмановиќ е во болница и под полициски надзор, откако изврши масакр во „Владислав Рибникар“ во Србија.

Српските медиуми откриваат дека масовниот убиец од Белград покажал интерес за пишување книга и за тоа ја известил мајка му.
– Книгата што ќе ја напишам ќе ги открие сите детали од мојот живот. Велат дека сум император и оваа книга ќе ги интересира луѓето. Ќе заработам милиони затоа што луѓето ме сакаат, наводно кажал Кецмановиќ, објави „Република.рс“.






