(ВИДЕО) Голем пожар кај Шибеник: Шест авиони, луѓе се евакуираат од апартманите

Голем пожар избувна во Горњи Бановци кај Гребаштица во Шибеничко – Книнска жупанија. Пожарот, го гаснат 56 пожарникари со 20 возила и шест авиони, но се шири поради ветрот, известуваат хрватските медиуми.

За да им се овозможи на пожарникарите непречено да работат затворен е дел од Јадранската магистрала.

Порталот Шибеник ИН објави дека изгорел и семејниот автомобил на гости од Германија, но луѓето се, за среќа, безбедни.

 

Back to top button
Close