Кoста К. (13) не го следел “списокот за убиства” бидејќи во еден момент решил дека сака да ги убие сите
13-годишникот кој уби девет врсници во ОУ „Владислав Рибникар“ завчера бил сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград, Во текот на соалушувањето изјавил дека сепак се откажал од „списокот за убиства“ што му бил најден по апсењето.

Да потсетиме, тој уби девет негови врсници, од кои четворица биле на неговиот список, додека другите се сметало дека се убиени по случаен избор.
Сепак, тој за време на испрашувањето рече дека се предомислил за списокот бидејќи на крајот решил да ги убие сите.
Како што пренесува српски Курир, момчето потврдило дека на него биле оние кои сакал да ги „ликвидира“.
– Направив список, потоа се откажав и решив да ги убијам сите по ред. Не знам зошто се откажав, знам дека пукав но не видов крв и не знаев дали некој е мртов – наводно преку видео врска изјавил момчето убиец.
Тој бил сослушан во рамките на постапката против неговиот татко и на неговото распит присуствувала и неговата мајка која била со него на клиниката, додека неговиот татко одлучил да остане во притвор и да не ја искористи можноста да се види со него.






