Пожарите околу Атина повторно активни, гори и на Родос и на Пелопонез

Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми, досега е изгорена површина од 9 400 хектари, од кои 60 отсто се во рамките на општината Мандра, додека во западна Атика и Коринт се оштетени или уништени над 100 објекти

A firefighting aircraft drops water to extinguish a wildfire at Aghios Charalambos area in Loutraki, Corinth, Greece, 18 July 2023. 

Ситуацијата со пожарите што вчера попладне се разгореа во западниот дела на областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Родос денеска е подобрена. Локалните противпожарни служби соопштија дека до разгорувањето на пожарите е дојдено поради сè посилните ветрови.

Пожарот што гори во Атика четврти ден по ред, доведе до евакуација на населението и предизвика поголемо уништување на имотот.

Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми, досега е изгорена површина од 9 400 хектари, од кои 60 отсто се во рамките на општината Мандра, додека во западна Атика и Коринт се оштетени или уништени над 100 објекти.

И покрај мобилизацијата на дополнителни ресурси – во одреден момент, 11 противпожарни авиони и исто толку хеликоптери, вклучително и четири испратени од Франција и Италија, интервенирале во областа, но според пожарникарите, високите температури придонеле гаснењето со вода да биде неефикасно.

Она што, според Противпожарната служба, е загрижувачко е пожарот пред селото Стефани, кој ако се движи кон исток, би ја загрозил целата Национална шума на планината Парнита.

Промената на правецот на ветрот, кој не бил особено силен, оживеа друг пожар блиску до градот Мандра, на околу 10 километри југозападно од Стефани. По разгорувањето на овој пожар, преку СМС од бројот за итни случаи 112 до жителите на три села северозападно од Мандра е испратена порака да се евакуираат кон север, во градот Оинои во Атика, а еден час подоцна со нова порака е повикана евакуација и на градот Оинои, кон градот Еритрес, на северозапад.

 

(ФОТО+ВИДЕО) Романија, Словачка и Полска испраќаат над 200 пожарникари за да помогнат во справувањето со пожарите што и денеска беснеат во Грција

 

Пожар има и на островот Родос, каде што со огнените јазици се справуваат 102 пожарникари со четири авиони и два хеликоптери, додека, пак, на Пелопонез, во пожарот што избувна вчера интервенираат 52 пожарникари со 15 возила и четири авиони.

Грчките противпожарни власти претходно предупредија дека може да имаат нови проблеми со пожарите поради тоа што овие два дена во земјата се очекува нов топлотен бран, проследен со температури над 40 Целзиусови степени.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис синоќа го посети Координативниот центар за операции и управување со кризи, каде што се информира за ситуацијата со пожарите во земјата и акциите за гаснење.

Од неговиот кабинет велат дека со оглед на тоа што во следните денови ќе има екстремно високи температури во повеќе делови на Грција, што создава услови за нови пожари или повторно разгорување на постоечките, Мицотакис е во комуникација со негови колеги со цел да се обезбеди меѓународна помош доколку биде потребно.

Back to top button
Close