Mомчето-убиец раскажа како ја донел конечната одлука да пука во училиштето
За време на четиричасовниот распит, момчето убиец реклo дека немало да одлучи да „пука ако не бил толку многу фален“.
Коста К. (13) кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на распит во рамките на истрагата против неговиот татко, изјавил дека неговиот татко и персоналот кој го тренирал на стрелиштето го фалеле дека е прецизен и добар стрелец.

„Веројатно немаше да одлучам да пукам ако не ме фалеа толку многу“, наводно одговорило момчето на прашањето.
Момчето вели дека вежбало пукање во „Партизан“ и дека првиот контакт со оружје не му го овозможил татко му, туку инструктор на стрелиштето кого го опишал како „тенок, седокос, краткокос и средовечен“. Тој кажа и дека го тренирал да пука со пиштол, а на стрелиштето имало и други инструктори освен овој што го опишал, но дека не ги знаел нивните имиња.
Во телефонот на таткото се пронајдени фотографии и видеа од момчето како пука со пиштол.






