(ВИДЕО) Приватен авион падна врз покрив на куќа
Мал приватен авион со три лица во него се урна на покривот на куќа во Тексас.

Несреќата се случила во близина на аеродромот Џорџ Таун додека авионот требало да слета. Засега нема информации зошто се урнал авионот. Во тек е истрага.
Во авионот имало две жени и еден маж. Тие се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, пишува Daily Mail.






