Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

 – Пожарот навлезе во борова шума, садена од поранешната ЈНА, поради што кон овој шумски пожар полетаа три противпожарни авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на МВР кои ќе им помогнат на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Тетово во гаснењето на овој пожар, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово информираа дека една нивна екипа интервенирала и околу 13 часот и изгасила пожар на отворено во атарот на село Лешок, Општина Теарце.

Back to top button
Close