Во Македонија пронајден француски државјанин кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Македонија е пронајден Француџин кој во Франција бил пријавен за исчезнат.

-Полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС го пронајдоа С.И. (21) од Франција, кој во својата земја бил пријавен за исчезнат. Тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Северна Македонија и дал лажен исказ за личните податоци, соопшти МВР.

Полицијата по дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, денес добила потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од март годинава

-Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството, соопшти МВР.

Back to top button
Close