Руските манипулации со МПЦ-ОА и што вушност бара Вселенската патријаршија
Васијан Змеев, шефот на руското црковно подворје, главен координатор на руската црковна политика на Балканот, замина од Софија, но останува клучната дилема дали со тоа исчезнува и дрското руско-црковно влијание на овоие простори.
Првичната одлука на македонските безбеднбосни служби да му забранат влез, а подоцна и на бугарските безбедносни служби да го протераа од Софија, веројатно само времено ќе ги паузира активностите на руската црква, се до нова стратегија. Впрочем овој случај покажува дека Софија и Скопје можат да бидат и координирани во контрола на државните интереси, но веројатно ако тоа некој друг го контролира, во случајот заеднички именител е членството во НАТО на двете држави.
Заминувањето на Архимандритот Змеев од Балканот ја откри неговата тајна црковно-дипломатска политика која пред се имала за цел предизвикување нов црковен раскол во Македонија.
За упатените тоа и не беше некоја тајна, ако се знаат дрските настапи на двајца владици во Синодот на МПЦ-ОА изминативе десетина месеци, заканувајќи се со протести, нови цркви и скандали, ако Синодот не оди по нивниот ум.
Но, РПЦ нема тука да застапе таа продолжува да делува и пред по протерувањето на архимандритот Змеев. Руски владици од Унгарија и Словачка веќе ја превземаат мрежата поставена од Архимандритот Змеев.
МПЦ-ОА клучно безбедносно прашање
Во позадината на оваа приказна е судирот Москва-Фанар, во кој руската црква се обидува да ја внесе МПЦ-ОА помеѓу, односно да ја престрои во својот двор. Признавањето на МПЦ ОА е сериозен безбедносен проблем и закана по националната безбедност уште од посетата на Рускиот Митрополит Антониј. Некои неофицијални информации велат дека посетата на Митрополитот на РПЦ, Антониј, шеф на одделот за надворешни работи на Руската црква, по Божиќ 2023 година, е пресвртница во односите на МПЦ-ОА со Вселенската Патријаршија. Змеев подоцна само ја игра улогата на курир кој ги носи во Скопје веќе утврдените одлуку во Москва, за да МПЦ-ОА ги аминува.
Некои информации велат дека секој обид на поединци од МПЦ-ОА да балансираат, или со други зборови речено да опонира на руските позиции, на моменти бил дрско и со уцени одбиван. Една од тие уценувачки формулации секогаш била дека ако МПЦ-ОА продолжи да се координира и да бара автокефалност од Вселенската Патријаршија, тогаш Руската црква ќе ја екскомуницира, а дополниотелно ќе изврши притисок и врз најмалку две други цркви тоа да го сторат. Користејќи ги емоциите околу името, честопати македонските соговорници од црковна Москва биле потсетувани дека е можно да признаат и друга црковна структира од владици кои во таков случај ќе се одвојат и ќе направат нова црква во Македонија.
Дали македонските архиери за тоа ги алармирале безбедносните служби е прашање на кое никој не сака да зборува. Формално никој не сака ниту да потврди дека такво нешто се случувало, но реалниот расплет на односите укажува дека МПЦ-ОА од Јануари оваа година е под силен руски притисок. Дополнително скандалозно е што во сржта на тој притисок не е македонскиот црковен интерес, туку лично рускиот црковен интерес.
(…)