Во Косово е основано движење за напуштање на исламската вера: „Од денес не сме муслимани!


Да се биде само Албанец“ е мотото на движењето за откажување од исламската вера, формирано пред два дена во градот Дечани на Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Ова движење го формирале околу 70 лица од неколку земји кои се собрале во Дечани за да како што велат, тврдат дека „албанската вера е Албанија“.

Весел Лекај, еден од основачите, го кажа своето мислење за декларацијата на ова движење и дека во основањето на ова движење во петокот на 20 октомври учествувале околу 70 луѓе.

„На собирот во петокот, 20 октомври 2023 година, група граѓани во Дечани собраа мислители од регионот и од градовите на Косово. Тие зборуваа за екстремизмот и штетите предизвикани од различни сегменти на исламската вероисповед и српското православие. Едногласна изјава дека од денес не сме муслимани“рече Лекај.

Според Лекај, косовското општество е задушено од исламскиот екстремизам и дека, според него, тие треба да се отстранат и да се борат против „злото“.

„За Албанците верата е албанизмот, затоа што ние мислиме само албански, затоа што пред сѐ сме Албанци“ додаде Лекај.

Лигата на историчари на Косово „Али Хидри“ во Дечани остро реагираше на „Движењето за напуштање на исламската вера“, обвинувајќи го за пропаганда против религијата и поттикнување омраза, нагласувајќи дека правото на верско уверување е лично.

Back to top button
Close