За Ердоган Хамас е ослободителна, а не терористичка организација
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка, туку ослободителна организација која се бори да ја заштити својата земја.
Во обраќањето до членовите на неговата партија во парламентот, Ердоган рече дека Израел ги искористи добрите намери на Турција и дека нема да оди во Израел како што претходно беше планирано, пренесуваат британските медиуми.
Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидам претходно денеска најави дека израелската копнена операција во Газа ќе го претвори тамошниот конфликт во масакр.
На заедничка прес-конференција со неговиот катарски колега во Доха, Фидан кажа дека оние кои ги поддржуваат акциите на Израел под изговор на солидарност се „соучесници во неговите злосторства