Скопјанка тешко повредена откако автобус на ЈСП нагло закочил за да избегне сообраќајка
Вчера попладне, во 13.30 часот, било пријавено дека на булеварот Кочо Рацин во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од 50-годишниот Б. Т. од Скопје, за да избегне сообраќајна незгода, нагло запрел, при што во автобусот паднала патничка, 46-годишната У. А. од Скопје, извести МВР.
Таа добила тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, велат од МВР.