ОН ќе гласаат за нацрт-резолуциите за војната меѓу Израел и Хамас што ги подготвија Русија и САД


Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за две нови нацрт-резолуции за војната меѓу Израел и Хамас, подготвени од Русија и САД.

Откако минатата недела беа отфрлени два текста подготвени од Русија и Бразил, две нови нацрт-резолуции ќе бидат ставени на гласање, изјавија дипломатски извори.

Новиот руски предлог уште еднаш повикува на „итно воспоставување на постојан и целосно почитуван хуманитарен прекин на огнот“ и ги осудува „сите насилства и непријателства против цивилите“.

Но, за разлика од текстот, што минатата недела беше поддржан од само пет земји, новиот нацрт го спомнува Хамас и ги „осудува грозоморните напади“ на палестинското исламистичко движење во Израел на 7 октомври.

САД ставија вето на резолуцијата подготвена од Бразил минатата недела, која доби 12 гласа „за“. Вашингтон потоа го критикуваше недостигот на спомнување на „правото на Израел да се брани“

Back to top button
Close