Околу 50 полицајци повредени за време на нередите пред натпревар во Франкфурт


Околу 50 полицајци се повредени како последица на нередите што се случија во Франкфурт на Мајна пред натпреварот меѓу Ајнтрахт и Штутгарт во 12. коло од Бундеслигата, пренесува „Билд“.

На четворица полицајци им била укажана лекарска помош во болница. Покрај тоа има повредени и редари и навивачи.

Судирите меѓу навивачите на Ајнтрахт и органите на редот започнаа на влезот на стадионот. Кон полицијата биле фрлени огномети и шишиња.

Натпреварот се одигра вчеравечер и заврши со победа на Штутгарт со 2:1.

Back to top button
Close