Пандемијата го одложи „Дебарско лето 2020“

Манифестацијата „Дебарско лето 2020“ која секое лето во родниот крај ја организаат дебарските иселеници од САД, оваа лето нема да се одржи.

Управата на дебарското татковинско здружение „Дибра“ со седиште во Њујорк соопшти дека поради состојбата со Пандемијата и заштитата на здравјето, донесена е одлука манифестацијата оваа лето да не се одржи.

Претседателот на здружението Дашнор Мифтари информираше дека со програмата и оваа лето во родниот град Дебар биле предвидени бројни културни и спортски активности. Програмата била кординирана и со локалните власти во Дебар. Инаку минатите години манифестацијата ,, Дебарскои лето ,,ја следеа  голем број на дебарчани како и иселеници од Дебар кои живеат во САД.

Податоците на здружението на дебарските иселници од Америка говорат дека секое лето  родниот крај –Дебар го посетуваат просечно над 4 илјади иселници. Оваа лето поради пендемијата на Корона вирусот во Дебар се пристигнати околу 3оо иселниции, и според туристилчките агенции во градот поголемиот број на иселеници од САД, ги откажале патувањата за Р.С. Македонија поради пандемијата .

Податоците на здружението на иселниците од Дебар во САД  говорат дека во некоолку држави на САД живеат околу 15 илјади иселеници од Дебар а најголемата нивна концентрација е во Статен Исланд во Њуjорк .

 

К. Мимидиноски

Back to top button
Close