Зошто е во ред да бидеме здраво себични?
Во секојдневниот живот, постојат два вида на себичност. Едниот е кога не се грижите за никој друг и за тоа што му треба или што сака, и само одите по она што вие го сакате, независно дали е тоа добро или не. Ова е онаа себичност што му дава на зборот лоша конотација. Вториот е ставање приоритет на нашите сопствени потреби и нивно артикулирање.
Погрешно ја разбираме суштината на себичноста. Тоа не е изненадувачки, имајќи предвид дека повеќето големи религии отсекогаш ја претставувале како порок, при што љубезноста речиси секогаш била претставена како недвосмислено добро. Но, пренагласувањето на приматот на љубезноста може да направи да се чувствуваме како никогаш да не можеме да се ставиме себеси на прво место, дури и кога навистина ни е потребно. Љубезноста е едно од нештата што го одржуваат општеството во движење. Но, таа не доаѓа без последици, за другите или од нас самите. Вие – ние, јас – одвреме-навреме мора да бидеме на врвот на приоритетите.
Не можеме да бидеме постојано себични – тоа би завршило лошо – но никогаш да не се ставиме самите себеси на прво местое подеднакво лошо. Да не кажуваме што сакаме или што ни треба подразбира никогаш не го добиеме она што го сакаме или ни треба, а во најлошите случаи храниме огорченост, која ќе кулминира во најмалку соодветен момент. (Не дека зборувам од искуство… ) Мислиме дека сме несебични – и се трудиме да бидеме добри – но всушност се исцрпуваме. Во одреден момент, не ни останува ништо да дадеме резултатот е – врескаме по нашите семејства или се исцрпуваме од работа.
Всушност, да се биде она што хуманистичкиот психолог Скот Бери Кауфман го нарекува „здраво себичен/на“ – што се разликува од „нездраво себичен/на“ – е навистина добро за нас. Здравата себичност доаѓа од местото на самољубие каде што си даваме приоритет. Кауфман ја создал „Скалата за здрава себичност“како начин да се измери степенот до кој поединецот го практикува тоа – и таа се чита како правила за добар живот.
На скалата имаме поставување здрави граници и самопочит и не дозволување на другите да нè искористуваат; грижаза самите себеси; да имаш позитивна форма на себичност (како вежбање) што не ги повредува другите; да си дозволиме да уживаме дури и ако тоа директно не им помага на другите; и давајќи им приоритет на нашите лични проекти пред тие на другите.
Кога Кауфман проучувал како изгледа животот на луѓето за кои дел или сите од овие изјави се вистинити, тој открил дека заедничко за нив е благосостојба, задоволство од животот и психолошка приспособливост, како и намалена веројатноста за депресија. Луѓето кои се поздраво себични се самосочувствителни и се гордеат со своите достигнувања, а исто така се чувствуваа помалку склони, како што вели тој, за „агресивно да доминираат со другите“. Поголема е веројатност да им помагаат на другите луѓе дури и кога немаат очигледна лична или социјална корист.
Далај Лама ова го нарекува „мудра себичност“, еден вид просветлен личен интерес кој ги гледа личните придобивки во помагањето на другите. Како што вели писателот и подкастерДен Харис: „Топлината и сочувството се омни-насочни“.
Има нејасни линии помеѓу она што го сметаме за себичност, себецентричност, несебичност и алтруизам. Тие не се во опозиција; туку во континуум. Да се биде доволно себичен за да се грижиш за себе, се претвора во верзија на алтруизам, ако тоа значи дека можеш да се грижиш за другите.
Но, како da го naправиme тоа? За многу групи – особено за жените и луѓето oд маргинализираните заедници – здравата себичност не се постигнува лесно. Родителите на глобалниот север преземаат пристап „детето пред се“ кон воспитувањето на нивните деца на начин на кој родителите во историјата претходно не го правеле. Нашите очекувања се само повисоки, додека, во исто време, се повеќе родители одат на работа, според Канцеларијата за национална статистика.
Истражувањето на Економист сугерира дека жените исто така поминуваат повеќе од двојно повеќе време со своите деца секој ден отколку мајките пред 50 години; времето на татковците иако се зголеми четирикратно – сепак основната линија била само 16 минути.
Во 1975 година, само половина од работоспособните мајки биле вработени.
Во суштина е невозможно да се води семејство како едниот родител да е дома цело време кога, голема е веројатноста да ниту еден родител (ако воопшто и има двајца родители) не е дома поголемиот дел од времето. Ова е аргумент во насока на неопходност од подобри работни практики, пократко работно време и субвенционирана грижа за децата, а не жените да ја напуштат работата. Кога сте толку фокусирани на сите страни, тешко е да побарате – а понекогаш дури и да знаете – што ви треба.
Ние, исто така, живееме во таква „култура на работа“ што за многумина од нас е тешко да согледа колку е суштински добро да се грижиме за себе затоа што придобивките не се секогаш непосредни, видливи или дел од производната економија. Нашата култура го слави само конструктивниот одмор – оној која вклучува трошење пари, како масажа или купување скапа козметика за нега на кожата, или која има за цел да стигнете до одлична идеја за некој проект додека сте излезени на прошетка.
Истражувањето во 2021 година на Селин Малкок на Државниот универзитет во Охајо го испитуваше степенот во кој третирањето на слободното време како непотребно влијае на тоа колку уживаме во тој одмор (помалку) и колку сме под стрес и подложни на анксиозност и лошо расположение (повеќе).
Додека се обидуваме да направиме сè како што треба, или постојано да им угодуваме на сите, „забораваме do каде се нашите сопствени граници и пред тоа воопшто да го сфатиме претерано ги прошируваме, а потоа сме лути и огорчени поради тоа“, вели Мајор. „Да можеш да кажеш „не“ на начин кој не предизвикува навреда, но и да бидеш спокоен ако тоа предизвика навреда – ако можеш да се носиш со тоа, тогаш имаш вештина за живот што ќе ти служи многу добро“.
Учењето да поставувате граници започнува – како и сите вештини – со вежбање. „Може да ви се чини контраинтуитивно првиот пат кога ќе го направите тоа“, вели Мајор. „Другата работа што треба да се има на ум е ако луѓето одеднаш ве доживуваат како поинакви, веројатно е дека и тие ќе треба да се постават различно. Значи, треба да се навикнете и на тоа. Ако една од вашите причини зошто секогаш велите „да“ е затоа што сакате тоа кога некој е задоволен со вас или ви се даваат многу пофалби, можеби ќе треба да останете без тоа и да научите какво е чувството“.
Од друга страна, да се осигурате дека барем некои од вашите потреби се исполнети може да им користи на луѓето околу вас, вели клиничкиот психолог д-р Маријана Трент, водител на подкастот „Aspiring Psychologist“. „Треба да запомниме дека ние самите сме нашиот главен лик“, вели таа. „Секако дека има давање и земање, но кај луѓето со кои работам, она што го гледам е дека кога ги ставаат своите потреби на прво место, сите други околу нив имаат тенденција да бидат посреќни, позадоволни и системите околу нив да напредува.”
Кога ќе се ставиме себеси на прво место може да се чувствуваме непријатно, како себични, во традиционалната смисла на зборот, без разлика дали тоа вклучува радикални промени како напуштање на работно емсто или раскунувањена врска, или преселување во странство, или желба да заминете сами на викенд. Но, време е да ја вратиме себичноста во нашите животи. Не е лошо да сакате работите да бидат поинакви. Во ред е да одлучиме да бидеме главниот двигател во нашите животи.
Извор: Гардијан
превод: Лени Фрчкоска