Мицкоски тврди дека Ахмети платил за „кандидатурата“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го охрабрува претседателот на ДУИ, Али Ахмети, сам да излезе и ја објави кандидатурата за шеф на државата, наместо да се крие – како што рече – зад текстови нарачани и платени од кабинетот на неговиот најблизок соработник, алудирајќи на вицепремиерот Артан Груби
.– Би го советувал, доколку му значи нешто мојот совет, да не го објавуваат портали што ги плаќа кабинетот на неговиот најблизок соработник. Ценам дека треба да излезе, да се охрабри и самиот да ја најави кандидатурата. Ако тој цени дека ќе постигне резултат што ќе биде значаен, тогаш зошто да се крие позади такви нарачани текстови на портали кои што ги финансира неговиот соработник од народни пари. Мојата порака и мојот совет би бил дека ова е одлична можност за незаслужена политичка пензија – изјави Мицкоски.