Ученичка од ,,Јосип Броз Тито” добила опомена пред исклучување – не зошто ја тепала соученичката туку затоа што побарала да и го фотографира модрото око
Едно од девојчињата што претепаа 15 годишна соученичка кај грчкиот конзулат, добила педагошка мерка опомена пред исклучување, тврди за Слободен печат директорката на гимназијата Јосип Броз Тито, Силвана Кржовска.
Причината не била самата тепачка која беше снимена кај грчкиот конзулат од врсници кои навиваа и го поттикнуваа насилството, туку тоа што после инцидентот, девојчето во делокругот на училиштето пред сведоци се обратила кон соученичката нејзина жртва со зборовите ,,Дај да ти го сликам модрото око”. Ова била причината што наставничкиот совет изрекол едногласна педагошка мерка опомена пред исклучување.
…