Татковците и ќерките од „Рибникар“: Од најголема љубов до несогледлива тага
“Кога некој ќе спомне татко и ќерка, за мене тоа е можеби најсилната љубов што постои”.
Вака Драган Кобиљски гордо ги опишува чувствата кон ќерките Ема и Мила.
Ема Кобиљски е едно од деветте деца убиени во масовното пукање на 3 мај 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
„Таа беше мојата најголема љубов, не можеш да сакаш некого повеќе“, вели Иван, таткото на Ана Божовиќ.
Бранко Анѓелковиќ, Зоран Мартиновиќ, Иван Божовиќ и Драган Кобиљски, четворица татковци чии ќерки беа жртви на масовното пукање за кое е осомничен нивниот соученик Коста К., зборуваат за растењето, за радостите и заедничките активности на татковците и ќерките, но и за постојаната тага со која живеат.
Тато Божовиќ
Кога го добиле синот, Иван Божовиќ бил млад татко на 26-годишна возраст, но природно му било од самиот почеток да биде вклучен во сè околу бебето Андреј.
Ништо не било поинаку кога четири години подоцна ја добиле Ана. Две недели по породувањето, неговата сопруга имала масивно крвавење и морало итно да биде пренесена во болница, па тој останал сам со Андреј и Ана, „бебче“ на кое се уште не му паднал папокот.
„И дававме формула наместо млеко, од првиот момент кога се будев заедно со Нина, особено кога излезе од болница: облекување, пресоблекување, сè”.
Како што растела Ана, така растела и блискоста меѓу таткото и ќерката. Обожавал да ја води наутро до градинка и да си играат и да се шегуваат по пат.
„Се тркавме со Нина кој ќе влезе во нејзината соба за да ја разбуди затоа што го сакавме нејзиниот мирис наутро. Таа се бидеше побавно, а јас ја будев со многу бакнежи“, вели Божовиќ, сега 42-годишен политиколог.
“Како и Андреј постојано ја бакнував, по глава, врат, позади ушите“.
Исто така, уживал да ја вози на разни часови и активности, да поминува време со неа во трамвај, дома.
„Тогаш знаев дека тоа е тоа, дека тоа е среќа“.
„Кога одевме во градинка, а рацете ми беа студени, кога ќе ја фатев нејзината топла рака, ми обземаше топлине. Тоа беше тогаш, и се уште е, концептот на среќа за мене“, вели Божовиќ.
“Ана секогаш беше насмеана, потпевнуваше додека зборуваше” вели тој, лесно мрдајќи со рамената за да ми покаже како. Ана се занимавала со танцување, музика, настапувала на натпревари за танцување хип-хоп, вежбала џудо. Од него наследила да танцува штом ќе слушне музика, заедно возеле скејт, ролери, оделе на лизгање и скијање.
“Од багажникот на автомобилот постојано испаѓаа топки и опрема. Ана беше неверојатна, како некој да внел „ореол на среќа“ во собата, и иницијаторот на глупавите постапки” ја опишува татко и.
“И додека носеше цуцла, како Меги од Симпсонови, висеше и паѓаше, бидејќи отсекогаш беше добра во качување и акробации”.
Еднаш на Ташмајдан, каде што момчињата вежбаат на справи, застана и ја соблече кошулата за да вежба, а беше мала“, вели со насмевка нејзиниот татко.
Порасна во духовита, самоуверена девојка, таа беше „своја и независна“, додава тој
„Со Ана научив што е вистинска, чиста, искрена, љубов и знаев дека не можеш да сакаш некого повеќе, нема шанси. Дури и сега кога зборувам за неа, имам насмевка на лицето, таа ми донесе многу среќа“, низ солзи вели Иван Божовиќ, таткото на петтоодделенката, која кобниот ден случајно дежурала во ходникот.
Како поминува времето, вели дека му станува се потешко, а сепак има чувство дека таа секој момент ќе дојде. Во првите месеци се воздржувал и се прашувал дали има право да пее, но сега мисли дека Ана не би сакала тој да биде тажен.
“Таа би сакала да играм и да пеам, а јас се уште замислувам дека танцувам со неа.Имам плејлиста „Роденденот на Ана“ што таа ја направи и ја пуштам и додека и го средувам гробот, музиката постојано врти“, вели таткото.
Татo Мартиновиќ
Новите гробишта, каде што е погребана Катарина Мартиновиќ, речиси станале дел од домот на семејството Мартиновиќ.
„Кога ќе се приближам до гробиштата, како да одам од соба во соба. Како што сакаше нејзината соба да биде средена и чиста, така и ние и го средуваме гробот, а таа не е ниту во собата, ниту таму, туку некаде во нас“, вели тато Зоран Мартиновиќ.
Овој софтверски архитект е татко на три ќерки – Лена, Наталија и Катарина. Иако пораснала зборувајќи три јазици, српски, француски и англиски, највпечатливо кај најмладата Кате била невербалната комуникација – таа најмногу зборувала со очите.
„Во моменти кога бев загрижен или тажен, знаеше да ме погледне и со устата да му даде знак за да ме расположи“, вели Мартиновиќ, ширејќи со прстите насмевка на сопственото сетно лице.
Кога Лена и Наталија заминале во странство, животот на неговата сопруга и неговиот се обликувал според бројните обврски на Катарина. Учела во две училишта – балетското училиште Луис Давичо и основното училиште „Рибникар“, каде често отсуствувала, па нејзините родители размислувале да ја префрлат на воншколско образование. „Наша должност беше да ја поддржиме и да и олесниме да може да оди на училиште, балет и да има што повеќе време да се дружи во мир и задоволство. Моја задача беше да се погрижам да се разбуди на време, како будилник, да подготвам појадок за да не оди гладна и да најдам се што и треба наутро“, вели Мартиновиќ.
Тој не бил само татко со будилник, како часовникот во „Убавицата и ѕверот“, туку и инжениер кој ги вклопувал деловните состаноци во нејзиниот распоред. Кобниот ден била решена да оди на „Рибникар“ пред се поради класното сликање. Вечерта спроти 3 мај ѝ кажал дека ја сака до крајот на светот и назад, а таа сакала да го слуша тоа, вели и погледот му се губи во далечината.
“Утредента и го откинаа духот. Токму во најубавото време кога од дете и бебе се претвораше во девојка”.
Како што вели, таа оставила белег и на околината. Кафулето спроти нивната зграда сега го нуди „Топлото чоколадо на Кате“, бидејќи на многумина им недостасува, вели таткото.
Тој ја опишува Катарина како „правдољубиво, љубезно, кревко дете, кое сакаше сè и има огромна енергија“. „Таа беше поголем заштитник и херој за сите нас отколку јас, како татко. Бев подобра личност со неа, а нејзиното присуство значеше многу за луѓето околу нас“, вели тој, пиејќи чај во студениот декемвриски ден.
Доживеал необично, речиси вонтелесно искуство во Солун, каде што двајцата биле заедно пред две години. Од првичната огорченост кон овој грчки град, Катарина набрзо го засакала и му рекла: „Солун е само мој и твој“. Кога го посетил летово, едно попладне по нејзината смрт, поради гужвите долго време не можел да влезе во градот, а низ главата му се вртела мислата „Катарина пушти не, те молам“. По долго време не можел да го најде ресторанот во кој седеле. Дури по целодневно пешачење, некоја необична патека „или сила“, како што вели, без напор, го довела до местото каде што го изеле „украденото јагне“.
Останаа две рози на масата во солунски ресторан и прегратка од келнерите.
Во Белград се уште во замрзнувачот стои нејзината храна. Замрзнато смути – од житарки, овошје и мед. „Таа правеше колачиња претходната вечер, и денес стојат неизедени“, вели Зоран, кој од мај речиси и не подготвил никаква храна.
Тато Анѓелковиќ
На 3 мај и животот на Бранко Анѓелковиќ се превртел наопаку. Тој ќерката Мара сакаше да ја опише со „четири зборови“. „Премногу добро, премногу искрено дете, со големо „јас““, вели слабиот, висок 61-годишник со црвени и зелени прамени во косата кој се расплака уште на првата реченица.
Испи голтка кафе, запали цигара, испи седатив и по неколку моменти продолжи.
“Немаше ни една година кога во автомобилот ја пееше The Ruts на Jah War. Пееше уште пред да проговори“, вели тој, додавајќи дека нејзините први зборови биле маслинка и краставица, а дури потоа мама и тато.
За да го објасни силното „јас“ на Мара, раскажа дека имала многу клемпави уши, но тоа не и пречело, напротив.
„Ние ѝ предложивме да размисли, ако сака, да ги оперира ушите, а таа ни одговори „дали сте нормални, видете колку подобро обетките ми се гледаат вака“, кажа тој и ме замоли да пишувам за неа во сегашно време.
Мара карактерот го покажала речиси од раѓање и не и пречело да биде средното дете.
“Кога на шест месеци дете кое не зборува јасно покажува дека е безобразно, вие сте среќни затоа што глупаво дете не може да биде безобразно“.
Во нивното петчлено семејство, заедно со љубовта, имало и „взаемна поддршка и разбирање 100 отсто“, вели Анѓелковиќ.
“Кога еднаш двајцата чекавме на лекар, во ходникот толку многу се смеевме што медицинската сестра излезе и рече: „какво задоволство е да се има ова дома“, додава тој.
Покрај татко и се заљубила во скијањето и научила да вози велосипед, додека љубовта кон каратето и компјутерите ја разбудила нејзината мајка.
“Сликаше и црташе, талентирана како нејзината постара сестра Мина, со која планираше заедничка иднина”.
На првиот концерт во својот живот била на 24 април, кога во Линц настапувале Arctic Monkey со нејзината четири години постара сестра. Тоа било десет дена пред нејзината смрт.
„Беа воодушевени затоа што бендот ја смени плејлистата и ги свиреа работите што ги знаеме и сакаме“, вели овој средовечен панкер со чироки фризура.
Мара сакала да се запише на училиште за дизајн и да продолжи да црта, а еден од последните незаборавни разговори што ги водела со нејзиниот татко бил за нејзините слики.
“Ми ги покажа и јас реков ‘не си нормална’, таа кажа ‘благодарам’, а тоа беа нацртани крави и уште нешто“, раскажува татко со растреперен глас, но гордо.
Мара на трети мај направила фризура и се дотерала за сликање за алманах од кое никогаш не се вратила.
Денеска влегува во собата на Мара, но само понекогаш. Редовно оди на гробишта. За Нова Година од пријател, добил црна маица со напис Jah War и The Ruts.
Тато Кобиљски
Кога се родила Ема, семејството Кобиљски било пресреќно: таа била трета среќа, по две неуспешни потпомогнати оплодувања. Добиле ќерка „токму како што сакавме“, објаснува Драган Кобиљски, 52-годишен поранешен одбојкар.
Ема и тој имале исполнета врска: и менувал пелени, ја будел навечер, ја бањал, ја носел на лекар. Ја заспивал со божиќната песна Ангели певају, снимена за возобновувањето на манастирот Ѓурѓеви ступови.
Сите слободни моменти се труделе да ги поминат со семејството во Србија или во странство, каде и да работеле и „си биле доволни еден на друг“.
Во текот на кариерата многупати бил одделен од семејството, но благодарение на сопругата Нина во која е вљубен повеќе од четвртина век, секогаш знаел дека неговите деца се безбедни.
По смртта се сетил на една анегдота, кога танцувал со Ема во дневната соба, а до него имало ајпад на кој течело видео со него. „Ема беше мала, имаше две години, а ние игравме на Чола, и таа истрча на iPad-от ме виде таму и ми рече, мислејќи дека сум во странство: „Тато, биди добар и побрзо врати се дома“. „Не разбрав веднаш што зборува, дури подоцна ми стана јасно“, вели Кобиљски.
Кога и да влезев дома, таа трчаше да ме гушне“.
И подоцна имале „посебен однос“, бидејќи во нае се препознавал и себеси и гените на своето семејство. Таа се чувствувала слободна да му каже сè. Научила да вози велосипед, ролери, често играле надвор. Кога оделе на зимски и летен одмор, не им требало луксуз, како лежалки на плажа, подобра кола или поголем стан, знаеле дека имаат се што им треба.
„Каде и да бевме, беше магија“, вели тој и како пример ги наведува празниците во едно напуштено романско место, каде што немалп ништо друго освен трговски центар, а за нив било „како во Париз“. Знаеле колку се среќни и привилегирани, но тоа вклучувало многу напорна работа и посветеност. „Никогаш не ни требаше ништо друго освен ние самите”.
Кога ја добиле и помалата ќерка Мила, станале четворица но се знаело дека за сите игри, како што се, Монопол или подморници, одбојка, тој и Ема биле пар, а мама и Мила друг. „Ема и јас ги победувавме цело време“, вели тој смеејќи се.
Пораснала во добро дете, сакал и одбојката, иако тој не ја форсирал, а на училиште со запишувањето на двојазична паралелка во седмо одделение, се си дошло на свое место. “Бев толку горд на Ема“.
И ветил дека ќе и купи ај-фон доколку се запише во тоа престижно одделение, но не го сторил тоа. Додека зборуваше за тоа, заплака, додавајќи дека „таа го заслужила тоа“ и само еднаш го потсетила на ветувањето преку порака, без повторно да го бара скапиот телефон.
Особено жали затоа што последен пат ја видел Ема на Велигден, 16 април, по што се вратил во Романија. „Ми недостига тој месец со неа, ужасно. Кога ја слушнал веста на трети мај, се онесвестил, како и неговата сопруга во Белград, раскажа на шокантното судење на крајот на годината.
Ако има некаква утеха, вели, ја наоѓа во тоа што „имале длабока врска, без незадоволство и безделничење“. „Кога одам, размислувам за неа и видов цитат кој вели: „Се каам само за последната прегратка и бакнеж затоа што тоа не беше силна прегратка и тоа беше бакнеж, бидејќи мислевме дека ќе има уште многу, и тие беа последни“. „Жал ми е што не беше поинаку, тоа е се“, вели низ липање.
извор: BBC
превод: Лени Фрчкоска