Халеви и шефот на Шин Бет ги одобрија борбените планови за продолжување на војната
Командантот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Херзи Халеви и шефот на израелската разузнавачка служба Шин Бет, Ронен Бар, денеска ги одобрија борбените планови „за продолжување на војната“.
ИДФ наведува дека командантот на Јужната команда, генерал-мајор Јарон Финкелман, заменикот Шин Бет и некои други високи армиски функционери биле присутни на состанокот во седиштето на Јужната команда на Армијата во градот Бер Шева.
ИДФ наведува дека Халеви и Бар „ги одобриле плановите за продолжување на војната“, не наведувајќи повеќе детали, пишува „Тајмс оф Израел“.