Ендрју Тејт повторно уапсен во Романија под обвинение за сексуален напад

Контроверзниот и, како што сам потврдува, мизогин инфлуенсер на социјалните мрежи Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан, на барање на британското обвинителство, се повторно уапсени во Романија под обвинение за сексуални престапи.

Браќата се приведени под обвинение за дела од 2012 до 2015 година. Доставен им бил налог за апсење издаден од Вестминстерскиот суд во Лондон, а истрагата е во тек.

Се соочуваат со обвиненија за силување и трговија со луѓе во Романија, каде што живеат, а претходно биле во затвор, а подоцна и во домашен притвор од нивното апсење во декември 2022 година.

Ендрју (37) и Тристан (35) ги негираат сите обвинувања против нив. Нивните претставници рекоа дека се „целосно посветени да ги оспорат овие наводи со непоколеблива решителност“.

Романската полиција потврди дека британските власти издале две европски налози за апсење за сексуални престапи, а наводните злосторства вклучуваат експлоатација на луѓе на територијата на Обединетото кралство.

Тие беа обвинети заедно со две Романки кои беа обвинети дека се дел од наводна организирана криминална група. Се вели дека сите четворица формирале група во 2021 година за да извршат трговија со луѓе во Романија и други земји, вклучително и САД и Обединетото Кралство.

Браќата Тејт поднесоа жалба во август 2023 година да бидат ослободени од домашен притвор во очекување на судењето на сè уште неодреден датум.

Овој пат се однесени кај обвинителот во Апелациониот суд во Букурешт, кој им одреди 24-часовен притвор.

Back to top button
Close