Оштетен муралот на Ѓинѓиќ

Минатата ноќ непознати лица го уништиле муралот посветен на поранешниот премиер на Србија – Зоран Ѓинѓиќ, убиен на денешен ден пред 21 година, кој се наоѓа на платото пред Филозофскиот факултет во Белград.

Како што пишуваат српските медиуми, врз ликот на Ѓинѓиќ била истурена црвена боја, а под него биле испишани погрдни пораки, со црни латински букви.

На тротоарот пред муралот имало црвена боја и ракавици.

Последното чистење на муралот било организирано на 10 март од страна на ученици од организацијата „Борба“.

 

 

Back to top button
Close