Убиецот Коста К. (13) со нов список. Само овие лица дозволува да го посетат

Коста Кецмановиќ (14) кој на 3 мај минатата година изврши страшен масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, реши да направи нов список!

Неколку месеци пред грозоморното злосторство, момчето-убиец подготви детален план како ќе влезе во училиштето, какво оружје ќе употреби и кои ќе му бидат мети и тој план го стави на хартија.

Но, овој пат се работи за нешто сосема друго.

– Коста постојано измислува некои нови идеи и барања, а овој пат реши да им даде до знаење на сите кои се луѓето што сака и не сака да ги види на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде што беше месеци – објаснува за Република  извор запознаен со случајот.

Според неофицијални информации на списокот ставил само две лица!

-На хартијата напиша дека неговата сопствена сестра, која е само неколку години помлада од него, и неговиот вујко се единствените луѓе кои би сакал да ги види во клиниката, односно во неговата околина. Тој изјави дека само тие се добредојдени и дека не сака да се гледа со никој друг.

Back to top button
Close