Кејт Мидлтон конечно се појави во јавност

Кејт Мидлтон конечно беше видена во јавноста, за прв пат откако беше подложена на абдоминална операција во јануари, за време на посетата на локална продавница во Виндзор минатиот викенд.

Архивска фотографија
Архивска фотографија

Принцезата од Велс, според очевидци, изгледала „здраво, среќно и опуштено“.

Мидлтон била видена со нејзиниот сопруг принцот Вилијам и нивните три деца, Џорџ, Шарлот и Луис, на едно од нејзините омилени места – во близина на семејната викендичка во Аделаида.

Парот уживаше во лежерно, опуштено семејно излегување додека ги гледаа своите малечки како спортуваат.

„По сите гласини што се вртеа наоколу, останав вчудовиден кога ги видов. Кејт беше во шопинг со Вилијам, изгледаше среќно и изгледаше добро“, изјавил очевидец за британски The Sun во неделата навечер.

Back to top button
Close