Манчини му го честита на Јувентус освојувањето на Скудетото

 Селекторот на Италија, Роберто Манчини, преку Инстаграм му честиташе на старо-новиот шампион Јувентус.

-Беше тешка година и тешка сезона. Честитки до Јувентус за титулата, на Наполи за освојувањето на Купот на Италија и на Чиро Имобиле за Златната копачка, напиша Манчини на социјалните мрежи.

Јувентус неодамна ја обезбеди деветата по ред титула шампион на Италија.

Back to top button
Close