Палестински власти: Израел, без никаква најава, изврши напад врз Рафа

Палестинското Министерство за надворешни работи денеска објави дека израелската армија извршила напад врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, „без никакво соопштение и без да чека ничија дозвола“, пренесува Анадолија.

Во воздушните напади извршени синоќа од израелски воени авиони во различни делови на градот Рафа, животот го загубија 14 Палестинци, меѓу кои и деца и жени, а неколку лица се повредени.

„Палестинското Министерство за надворешни работи најостро ги осудува крвавите воздушни напади и систематските деструктивни операции на Израел врз градот Рафа, игнорирајќи ги меѓународните предупредувања за неокупирање на градот каде живеат милиони раселени луѓе од северот и центарот на Појасот Газа“, се истакнува во соопштението.

Нагласено е дека Израел синоќа изврши разорен воздушен напад врз Рафа и дека многу Палестинци ги загубија животите. „Израел изврши напад на градот Рафа и не го најави тоа за да избегне меѓународни реакции и не чекаше ничија дозвола“, се вели во соопштението.

Беше истакнато дека овие напади се совпаѓаат со посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Саудиска Арабија и Египет.

Во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 15 март, беше објавено дека Нетанјаху го одобрил планот за можна воена операција јужно од градот Рафа

Back to top button
Close