(ВИДЕО) Насмеана, среќна и здрава – принцезата Кејт на прошетка со принцот Вилијам

Откако пред една недела принцезата Кеј од Велс се извини за забуните што ги предизвикала со објавената семејна фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, на која таа беше со нејзините деца, последните два дена таа повторно е актуелна поради видео што го објави британскиот весник „Сан“ на кое се гледа како таа со принцот Вилијам пазари во локална продавница на фарма во Винздор, која се наоѓа близу до нивниот дом во Беркшир.

Фото: Принтскрин

На видеото се гледа дека Кејт е облечена во спортска облека, со тренерка, хеленки и патики.

<

>
Видеото е објавено во британскиот весник „Сан“, а е прво од неа излезено во јавноста откако таа беше хоспитализирана во средината на јануари поради абдоменална операција.

„Кејт била видена викендов и изгледала среќна, опуштена и здрава. Принцезата сама ја носи торбата за пазарење и насмеана разговара со принцот Влијам додека ја напуштаат продавницата и се движат кон нивниот автомобил. Тие беа сами, без децата“ пишува „Сан“.

Според весникот, освен што заедно ја посетиле локална фарма, Кејт и Вилијам наводно ги гледале нивните три деца додека спортуваат.

Back to top button
Close