Трамп скокна во одбрана на Кејт Мидлтон

Републиканскиот претседателски кандидат на САД, Доналд Трамп ја одбрани принцезата Кејт Мидлтон за скандалот кој настана пред една недела откако неколку светски новински агенции ја повлекоа фотографијата која таа ја објави на нејзниот Инстаграм профил, на која се гледа како насмеана седи на столче и е опкружена со своите три деца, принцот Џорџ кој стои зад неа, а принцезата Шарлот и принцот Луис кои стојат од нејзината лева и десна страна.

Трамп во интервју за британската телевизија Џи-би њу со новинарот Најџел Фараж рече дека не разбира зошто се развиле контроверзии околу тоа што таа ја уредила семејната фотографијата и потоа ја објавила на социјална мрежа.

„Принцезата од Велс го направи она што го прават и сите останати. Тоа не треба да биде голема работа“,рече тој.

За време на интервјуто, Трамп се присетил на своите искуства кога се среќавал со филмски актери и често се прашувал дали тоа е истата личност од фотографиите во магазините.

„Сега сите станаа доктори за фотографии“,вели Трамп.

Според него, кралското семејство сега поминува низ тежок период. Потоа, во интервјуто Трамп дал мислење и за и за други членови на кралското семејство, вклучително и за покојната кралица Елизабета Втора, која ја оценил како неверојатнам како и за кралот Чарлс Трети и принцот Хари.

„Јас сум голем обожавател на концептот на кралското семејство. Сметам дека кралицата беше неверојатна. Замислете, сите тие години додека владееше, таа речиси никогаш не погрешила“рече тој.

Говорејќи за кралот Чарлс Трети, Трамп истакна дека му се допаѓа владејачкиот монарх, иако тие не се согласуваат за еколошките прашања. За здравјето на кралот, Трамп се надева дека ќе биде добро

Back to top button
Close