Протест во Тел Авив со барање за итни избори и смена на Нетанјаху

Демонстранти денеска излегоа на улиците на Тел Авив барајќи предвремени избори и соборување на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Насобраните бараат итна смена на Нетанјаху и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Изрел“.

Група израелски воени ветерани, кои се бореле во војната во 1973 година, исто така, излегоа на улиците и бараат смена на Нетанјаху.

Полицијата го забарикадира плоштадот Демократија, во близина на местото каде што се одржува протестот, за да ги спречи демонстрантите да го блокираат автопатот Ајалон.

Back to top button
Close