Девојче (8) што го победило ракот ѝ испрати охрабрувачка порака на принцезата: Ќе бидеш храбра како мене и ќе се бориш 

Принцезата Кејт Мидлтон ѝ била голема поддршка на малата Мила Снедон (8) од Шкотска додека, пред неколку години, се лекувала од леукемија, пишува „Индепендент“.

Кога Мила  дознала дека сега Мидлтон  боледува од рак ѝ испратила картичка со порака за поддршка.

– Ќе бидеш храбра како мене и ќе се бориш против тоа како што јас се борев – ѝ порачала Мила Снедон на Кејт Мидлтон во изјавата за „Сандеј мејл“.

Мајката на девојчето рекла за „Сандеј мирор“:

– Бевме на шопинг кога ја слушнавме веста. Мила ми се обрати и ми рече дека сака да направи и да ѝ испрати честитка на Кејт. Мила ќе воспостави контакт на свој приватен начин – започнала таа, а потоа додала:

– Кејт покажа толкаво сочувство, грижа и поддршка кон Мили во текот и по лекувањето. Затоа беше многу емотивно да се дознае дека таа сега се соочува со сопствени здравствени проблеми– рекла Снедон

Back to top button
Close