Се огласи возачот на „Пунтото“ кое е снимено на камера кога исчезнала Данка: Го видов девојчето, беше во дворот на соседот
Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот околу 13 часот во приградската населба Бањско поле кај градот Бор. Потрагата по девојчето се уште трае, а како што соопштија од полицијата, операцијата траела цела ноќ и наредниот ден. За целиот случај исказ дал жител на Бањско поле, сосед на семејството Илиќ, чиј автомобил е снимен на безбедносната камера.
– Одам до продавница и гледам мало девојче како оди кај соседите и продолжувам понатаму, не видов никој друг на тој пат – рече тој.
На прашањето дали девојчето во тој момент билo само, тој вели дека била во дворот на соседот.
– Не знам, не можев да видам од колата. Беше во дворот на соседот, не можев да видам – вели тој.
На новинарското прашање дали синото пунто што се гледа на камерата е негово, тој одговори потврдно.
– Да, тоа е моето Пунто, баш во тој момент отидов до продавница, ја возев мајка ми до автобуската станица. Полицијата не ме испрашуваше, но може да провери што сака. Не ги знам луѓето чие девојче е киднапирано, но го познавав нивниот дедо, тие се од тука – вели мештанинот.
За причината за исчезнувањето на малата Данка, жителот вели дека не знае за што се работи и дека целиот случај треба да го истражат надлежните органи, но дека е тука да му помогне на семејството со се што е потребно.