(ВИДЕО) Видео кое стана хит на социјалните мрежи – либанскиот премиер мислејќи дека е Мелони ја бакна нејзината помошничка

Либанскиот премиер Наџиб Микати направи грешка кога на аеродромот во Бејрут срдечно ја пречека помошничката на италијанската премиерк мислејќи дека всушност тоа е Џорџа Мелони.

Во краткото видео кое стана вирално на социјалните мрежи Микати беше прикажан како чека на пистата за време на приемот на Мелони во Бејрут.

Медиумите ја идентификуваа помошничката како Патриша Скурти, која излезе од авионот пред шефицата на италијанската влада.Микати отиде до Скурти, која носеше две торби, ја подаде раката и ја бакна во двата образа.

Потоа се сврте, за да ја следи по црвениот тепих кон главната зграда на аеродромот, кога еден од неговите помошници го извести за грешката:

Back to top button
Close