ВИДЕО: Уапсено лицето кое се закануваше дека ќе активира бомба во кафуле во холандскиот град Еде

Заложничката драма во градот Еде во источниот дел на Холандија заврши со приведувањето на лицето кое неколку часа во заложништво држеше неколку лица во кафуле во центарот на градот

Откако првично тој ослободи тројца заложници, еден час подоцна вооружениот напаѓач маскиран со рацете во воздух излезе од кафулето, по што експресно беше приведен од страна на холандските специјалци. Вооружениот напаѓач од непознати причини, рано утринава влезе во кафуле во центарот на градот Еде во Холандија и киднапира неколку вработени, заканувајќи се дека ќе активира експлозив.

Голем број специјалци веднаш беа распоредени на терен и евакуирале околу 150 дома во близина на кафулето каде што се случува заложничката драма.

Според официјалните информации од холандското МВР, нема индикации дека станува збор за терористички напад.

Претходно, сите возови што требало да сообраќаат од и до Еде беа стопирани, а холандските специјалци побараa луѓето да го избегнуваат центарот на градот на неодреден период.

Back to top button
Close