При црковна служба во Италија истекло гас, хоспитализирани дваесет и пет

Дваесет и пет лица се пренесени во болница по истекување на гас за време на црковна служба во близина на северниот италијански град Торино. Несреќата се случила за време на велигденското бдение во црква во општината Понт Канавезе на Велика Сабота, кога околу 50 луѓе изјавиле дека им се гади, јавуваат денеска локалните медиуми.

Се испостави дека има истекување на плин. Пожарникарите ја евакуирале црквата. Повеќето луѓе прво биле прегледани од службите за итни случаи во дворот на црквата, откако церемонијата била откажана, објави весникот Ла Стампа.

Се наведува дека 25 лица, вклучително и шест малолетни, биле пренесени во блиските болници поради труење со јаглерод моноксид.

Back to top button
Close