МААЕ: Безбедноста на централата „Запорожје“ не е загрозена по нападот со дрон
Безбедноста на нуклеарната централа „Запорожје“ во источна Украина не е загрозена по вчерашниот напад со дрон, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на нивниот профил на Икс.

Во соопштението објавено на платформата Икс, се истакнува дека штетата на шестата единица од централата не ја загрозува нуклеарната безбедност, но дека тоа е „сериозен инцидент со потенцијал да го поткопа интегритетот на системот за задржување на реакторот“.
МААЕ соопшти и дека во нападот загинало едно лице, а оти е причинета помала материјална штета.
Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, апелираше до оние што донесуваат воени одлуки да се воздржат од каква било акција што ги прекршува основните принципи за заштита на нуклеарните постројки.
Прес-службата на нуклеарната централа, која е под контрола на руските сили, тврдат дека нападот со беспилотно летало го извршиле украинските сили веднаш откако МААЕ изврши инспекција на постројката.
Украинската разузнавачка агенција ја отфрли одговорноста за нападот.
„Руските напади на територијата на украинската нуклеарна централа… долго време се добро позната криминална практика на напаѓачите“,изјави портпаролот за локалните медиуми






