ГАЛЕРИЈА: Највредните фрески во историјата на уметноста (прв дел)

Фрескопис (фреска) е техника на сликање со земјени бои (природни пигменти) растворени во вода врз влажен малтер, направен од ситен речен песок, гасена вар и насечена слама, коноп или козји влакна. Таа е една од најстарите и најтрајните сликарски техники, најотпорна на временската ерозија.

Зборот фреска е изведен од италијанската придавка фреско што значи „свежа“. Потеклото на оваа уникатна форма на уметност може да се проследи уште во антиката. Сепак, најславните фрески биле создадени за време на ренесансата од мајстори како Рафаел, Микеланџело и Леонардо да Винчи.

Но, како точно еволуирала оваа навидум едноставна техника на цртање и кои се најпознатите фрески во историјата?

 

Најраната фреска во историјата

Најраната позната фреска е пронајдена во гробот 100 во Хиераконполис во Египет и датира од околу 3500-3200 година п.н.е. На сликата е копија од античкото уметничко дело.

 

Етрурски фрески

Етрурските фрески пронајдени во гробницата на Оркус во Тарквинија во Централна Италија датираат од 4 век п.н.е. Иако времето ги оштетило поголемиот дел од уметничките дела, јасно може да се забележи фигура на воин.

 

Фреска Тореадор

„Фреска Тореадор“, позната и како „Фреска што скока со бикови“, првично била забележана на ѕидот во палатата во Кносос на Крит. Датира од околу 1450 година п.н.е. и сега е изложена во археолошкиот музеј на островот Ираклион.

 

Инвеститура на Зимри-Лим“.

„Инвеститурата на Зимри-Лим“ е голема фреска откриена во Кралската палата на античкиот град-држава Мари во источна Сирија. Фреската, најверојатно создадена околу 1775 година п.н.е., е изложен во Лувр во Париз.

 

Фреска „Боксерот од Акротири“

Научниците ја прогласиле фреската „Боксерот од Акротири“ за една од најдобрите примери на минојско сликарство кога била откриена во 1967 година. Таа е една од ѕидните слики на Тера ископани во Акротири на грчкиот остров Санторини. Aнтичките боксери денес може да се видат во Националниот археолошки музеј во Атина.

 

Фреска „Соба на пролетта“

Исто така, откриена во Акротири била неверојатната „Соба на пролетта“, која понекогаш се нарекува и „Соба на лилјаните“. Оваа фреска исто така е внимателно преместена во Националниот археолошки музеј во Атина.

 

Фреските од Помпеја

Некои од најживописните и најдобро зачуваните фрески од античкиот период се оние откриени во Помпеја. На сликата е познатата фреска која прикажува портрет на Терентиј Нео и неговата сопруга, најверојатно создадена во 20 – 30 година од нашата ера.

 

Фрески во пештерите Ајанта

Фреските што ги красат ѕидовите и таваните на пештерите Ајанта во Махараштра, Индија, се сметаат за ремек-дела на будистичката религиозна уметност и најдобрите сочувани примери на древната индиска уметност. Делото датира од 2 век п.н.е. до околу 480 година н.е.

 

Фрески на Сигирија

Прекрасно живописните фрески на карпестата тврдина Сигирија во централна Шри Ланка биле насликани за време на владеењето на кралот Кашјапа (477–495 година н.е.)

Извор: msn

Превод: Марта Стевковска

 

Back to top button
Close