Мангова: Политичките актери си играат со национализмот кога се слаби сами по себе да донесат резултати
„Национализмот е доживуван како проблем во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Трите земји од Западен Балкан кои се мултиетнички, каде се користи национализмот како средство за конфронтација меѓу политичките елити кога немаат испорака на резултати“ рече Илина Мангова, Регионалната советничка за Европа од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во утринската програма на „Слободен печат“, коментирајќи ја нивната последна анкета.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Таа додаде дека како најодговорни за предизвикување национализам во анкетата се идентификувани политичките партии и лидери, а потоа странските сили и медиумите.
„Тука се покажува одговорноста на овие политички актери кои си играат со национализмот кога се слаби сами по себе да донесат резултати и силни институции кои ќе ги сервисираат граѓаните. Граѓаните очекуваат институциите да функционираат, да не бидат политички злоупотребувани, туку да функционираат со давање услуги“ рече Мангова.
Таа додаде дека клучната одговорност на политичките лидери треба да биде, паралелно на работењето на евроинтегравниот процес, да ги менаџираат позитивно и конструктивно меѓуетничките односи, за национализмот да не прерасне во проблем.